Monday, December 30, 2013

Технолошки генерации

ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА

Со ENIAC започнува Првата генерација компјутери која траела до 1959 година. Голем недостаток на компјутерите од оваа генерација било загревањето на електронските ламби, кое барало дополнителни уреди за ладење. Брзината на тие компјутери била околу 20 000 операции во секунда, имале ограничена меморија, а за памтење на податоците се користела перфорирана хартиена картичка.
Во тоа време Џон фон Нојман (John von Neuman) ја дал идејата за паметење не само на податоците, туку и на програмите. Таа идеја е реализирана во компјутерот EDSAC од 1949 година, кој бил направен на Универзитетот Кембриџ во Англија.

ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА:ТРАНЗИСТОРИ

Периодот од 1959 до 1964 година е познат како Втора генерацијакомпјутери.Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата работа како електронската ламба, само што е многу помал, троши малку енергија и не се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите од оваа генерација: имале мали димензии, брзината на пресметување изнесувала 100 000 операции во секунда, а за паметење на податоците се користела магнетна лента.Новите сметачи користеле и нови програмски јазици.Во 1958, на пазарот се појавуваат два исклучително значајни и влијателни програмски јазика, LISP и ALGOL 58, а следната година се појавува COBOL. LISP е јазикот на вештачката интелигенција, една од клучните области на информатиката. Основоположници на оваа наука која започнала во 1956 година биле Marvin Minsky и John McCarthy, нејзиниот „кум“ и авторот на LISP . ALGOL 58 е првиот императивен програмски јазик, јазик кој содржи оператори со кои се менуваат состојбите низ кои поминува еден процес. Во 1960 била промовирана и новата верзија ALGOL 60, која е основа на голем број современи програмки јазици. Најважен од сите овие програмски јазици е COBOL (Common Bussiness Oriented Language), прв стандардизиран јазик за деловна намена. Во неговата изработка учествувал голем истражувачки тим, предводен од доајенот на информатиката, Grace Hopper и Joe Wegstein.Се смета дека заклучно со 1980 година, најголемиот број програми биле напишани имено на COBOL, а јазикот и денес масовно се користи во Британија и во САД.Во 1964 се појавил програмскиот јазик BASIC (кратенка од Beginner's Allpurpose Symbolic Instruction Code). Негови директни наследници се различните верзии на Visual Basic, едни од најпопуларните јазици денес.

ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА

Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на Третата генерацијакомпјутери, која траела од 1964 до 1969 година. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијатурно парче материјал. Тоа придонело димензиите на овие компјутери многу да се намалат и затоа ги нареклемини компјутери. Нивната брзина се зголемила, цената им опаднала и затоа нивната примена се проширила во многу области на човековата дејност. Со целокупната работа на компјутерите од оваа генерација управувала специјално напишана програма наречена оперативен систем. Во 1971, тим од IBM предводен од Alan Shugart ја произведува првата дискета (memory disk или floppy disk), со димензија од 8 инчи (20 cm). На слика 13 се прикажани трите генерации дискети со димензија од 8, 5¼ и 3½ инчи.Компјутерите со интегрални кола биле кратко присутни на пазарот. Клучниот изум што го предизвикал нивното повлекување од пазарот биле интегралните кола што содржат повеќе транзистори на еден чип. Бројот на транзисторите растел согласно со Муровиот закон, па за 10 години нивниот број стигнал до 1000.

ПОСЛЕДНИ ГЕНЕРАЦИИ

Во седумдесетите години се јавува мал тенок слој силициум т.н. чип, на кој може да се “отпечати“ комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе доЧетвртата генерација сметачи, која започнува во 1970 година. Во 1975 година е направен првиот персонален компјутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални компјутери (од англ. Personal Computer - PC). Ова име го добиле бидејќи се наменети за работа на едно лице. Поради малите димензии, големите можности, масовното производство и ниските цени, употребата на персоналните сметачи доживува непредвидиво зголемување. Со нив може да се комуницира со кој било компјутер во светот, преку посебни компјутерски мрежи.
Денес секојдневно се користат компјутери од т.н. Петта генерација компјутери кои имаат способност за паралелна работа. Во 21 век, мулти-кор процесори стана комерцијално достапна. Content-адресибилен меморија (CAM) стана доволно евтина за да се користи во вмрежување, иако компјутерскиот систем се уште не спроведува хардвер CAMs за употреба во програмски јазици.
Се работи и на развој на Шеста генерација компјутери т.н. невронски компјутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок и на Седма генерација на квантумски компјутери кои користат феномени од квантната механика - суперпозиција или квантумска меѓузависност/замрсеност - за манипулација на податоци.

Асус ја додаде Geforce 9800GT во серијата R.O.G. MATRIX

Огромниот успех на “паметната” видео картичка Asus R.O.G. EN9600GT MATRIX/HTDI/512M ја предизвика AsusTek да ја пушти на пазарот новата видео картичка со име ASUS R.O.G. EN9800GT MATRIX/HTDI/512M која е изработена на база на nVidia GeForce 9800GT.
Делото се смета како најдобро и оптимално решение за најзахтевните гејмери. Има можност за автоматска регулација на напонот, фреквенцијата и брзината на вртење на вентилаторот.
Видео картата е изработена со најсовремената технологија на Асус Super Hybrid Engine Technology, снабдена со вентилатор Hybrid Cooler и користи многу корисен оверклокерси инструмент iTracker, кој им дава за избор на корисниците пет конфигурирани профили (Optimized Mode, Gaming Mode, Power Saving Mode, Default Mode и User Defined Mode).
Притоа во најтешкиот режим 3D вентилаторот работи во максимален број обороти, видео картата е со 15% побрза и напонот на GPU и меморијата се покачува од  1,2 V. до 1,3 V. и од 1,9 V. до 1,92 V. соодветно. Фреквенциите на графичкото јадро, шејдерските блокови и меморијата се покачуваат од 600/1512/1800 MHz. до 750/1753/2000 MHz. Но, при работа со 2D материјали видео картата е 30% поекономична бидејќи напонот на GPU и меморијата паѓат од 1,2 V. до 0,9 V. и од 1,9 V. до 1,8 V. соодветно, а консумираната моќ благодарение на технологијата Auto Phase Switch Technology се намалува од 46,27 W. на 32,44 W.